Претходна статија
Почна изградбата на пречистителна станица во Волково
Следна статија
Реконструкција на Мостот на Револуцијата

Проработеа пет мали хидроелектрани во Охрид и Струга

Објавено на 07.12.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со јавно-приватно партнерство помеѓу домашната фирма „Феро инвест“ и меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, се реализираше проектот за изградба на пет мали хидроелектрани во охридско-струшкиот регион, инвестиција вредна 7,3 милиони евра. Хидроелектраните Белица 1, Белица 2, Охрид 1, Охрид 2 и Охрид 3 имаат вкупна инсталирана моќност од три мегавати и се очекува годишно да испорачуваат околу 14 гигават часови електрична енергија. Во рамки на проектот се изградени два цевководи со вкупна должина од 15 километри. Со нив се зафатени водите на реките Белица и Летница, односно количина од околу 700 литри во секунда. „Феро инвест“ ќе гради уште девет мали хидроелектрани, од кои седум како дел од конзорциумот „Мали хидроелектрани“ доо – Скопје, и две самостојно.