Претходна статија
Градот Скопје објави тендер за Луна паркот
Следна статија
ААМ ја додели овогодинешната награда за животно дело

Проработе фонтаната на Плоштадот Филип Втори

Објавено на 04.11.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Завршени се градежните работи и отстранета е оградата околу споменичната фонтана на Плоштадот Филип Втори [»мапа] во скопската населба Автокоманда. Автор на бронзените скулптури (четири женски фигури и четири антички воини), како и на претходно поставениот споменик на Филип Втори, е Валентина Стевановска за хонорар од 300.000 евра, а скопски „Бетон“ ги изврши градежните работи за сума од 290.000 евра. Плоштадот со површина од 5.800 метри квадратни почна да се гради во јули 2008 година. На неговата изведба тогаш беа ангажирани струмичката фирма „Жикол“ и прилепската „Крин производство“, која го вршеше поплочувањето со гранит.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

###

###

###

###