Претходна статија
Ќе се доврши уредувањето на кејот на Луда Мара во Кавадарци
Следна статија
Скопска Топаана бара нормални услови за живот

Промоција на почетната студија за домување на Ромите во Општина Чаир

Објавено на 09.05.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Хабитат Македонија и здружението Сумнал од Скопје во текот на утрешниот ден ќе ја промовираат почетната студија за домување на Ромите во скопската општина Чаир. Настанот ќе се одржи во административната зграда на Општина Чаир, со почеток од 11:30 часот. „Целта на Почетната студија е утврдување на состојбите во домувањето и урбанизацијата во ромската населба во Општина Чаир. За подготовка на оваа Студија се спроведе теренска анкета со која беа опфатени 736 домаќинства од ромската населба Топаана. Теренската анкета опфати прашања поврзани со состојбите во домот и локалната средина во која живее ромската популација“ наведуваат од Хабитат Македонија.

 

 

Со помош на изработената студија се утврдени локалните приоритети за одржлив урбан развој кои се преточени во препораки до надлежните институции и истите ќе бидат промовирани. Проектот „Правата на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ е финансиран од Европската унија, а имплементиран од Хабитат Македонија во соработка со граѓанските организации РОМА С.О.С од Прилеп, Черења од Штип и Сумнал од Скопје.

 

Во рамките на овој проект се организираше настанот „Топаана моето достојно место за живеење“, во чии рамки студентите од Архитектонскиот факултет при УКИМ изработија 10 идејни решенија за одржлив урбан развој на населбата Топаана.