Претходна статија
Се нуди земјиште за трговски центар во Свети Николе
Следна статија
Продажба на парцели за бензински пумпи

Проектот „Старите касарни за нов развој“ зема замав

Објавено на 26.11.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Купувачи добија три од понудените четири големи парцели во поранешната струмичка касарна, наменети за изградба на станбени згради. На денешното јавно наддавање, најповолен понудувач за парцелите со површина од 21.941 и 14.190 метри квадратни беше „Сара инженеринг“ ДОО од Струмица, која за нив понуди  по 2.600 денари за метар квадратен, односно вкупно 93.940.600 денари. За градежната парцела со површина од 13.050 метри квадратни, најповолен понудувач беше „Жикол“ ДООЕЛ од Струмица која исто така понуди 2.600 денари за метар квадратен, односно вкупно 33.930.000 денари. Почетната цена за сите четири изнесуваше 2.300 денари за квадрат.


Овие парцели се само мал дел од она што е предвидено за преобразба на просторот на поранешната струмичка касарна. Нејзината површина изнесува 38 хектари од кои 30 се слободни за нови градби. Таму се планира да никне населба за 6.000 жители со пропратни комерцијални, рекреативни и образовни содржини. Дел од старите армиски објекти се пренаменети за вселување на јавни претпријатија, деловни субјекти и невладини организации. Со проектот „Старите касарни за нов развој“ се опфатени касарните во Струмица, Битола, Охрид, Гевгелија, Дебар, Кочани и Дојран, како и делови од скопските касарни „Илинден“ и „Гоце Делчев“.