Претходна статија
Камен темелник за откупно - дистрибутивен центар во Богданци
Следна статија
Започна да сообраќа автобуска линија до скопскиот аеродром

Проектот „Старите касарни за нов развој“ се актуелизира и во Кичево

Објавено на 28.02.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Пет градежни парцели во „Блок 1“ на старата кичевска касарна „Чедо Филоповски – Даме“ ќе се продаваат на електронско јавно наддавање во организација на Министерството за транспорт и врски. Парцелите се со големина помеѓу 2.932 и 4.278 метри квадратни и се наменети за станбени згради со деловни и комерцијални содржини. Предвидената висина на објектите согласно деталниот урбанистичкиот план изнесува 19,2 метри, односно приземје и пет ката.

 

Почетната цена е утврдена на 1.640 денари за метар квадратен – поради тоа што со урбанистичко планската документација се предвидени повеќе компатибилни намени, почетната цена е формирана така што во крајната цена по метар квадратен, основната намена (А2 – семејно домување во станбени згради) се пресметува во износ од 70%, додека за компатибилните намени (Б1 – мали комерцијални дејности, Б2 – големи трговски единици, Б4 – деловни простории) се пресметува 30%. Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 05.04.2012, а наддавањето ќе се одржи на 12.02.2012.