Претходна статија
И во Скопје ќе се воведе систем за самоизнајмување велосипеди
Следна статија
Ќе се пробива улицата „Васко Карангелески“ кон булеварот „Трета Македонска бригада“

Проектот „Скопје 2014“ е стопиран од Владата, но не и од Народната банка

Објавено на 30.08.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Иако владата ги задолжи државните институции да го сопрат финансирањето на објекти од проектот „Скопје 2014“, Народната банка на Република Македонија (НБРМ) продолжува со изградбата на „неокласицистичката“ палата во центарот на Скопје. На раководството на централната банка не им се допаѓа бруталистичкото здание до Транспортниот центар, така што во моментов ги вршат првичните изведбени работи за издигање на нов објект којшто дополнително ќе го затвори погледот кон Македонската опера и балет. Од НБРМ изнајдоа дополнителни 12.322.911 денари за заштита на градежната јама на објектот со планирана висина од 29 метри.

 

 

Проектот со најновите непредвидени работи поскапе за нови 200.000 евра и ја достигна вкупната сума од околу 24,2 милиони евра. Заедно со идната палата, централната банка планира да гради раскошна фонтана со обелиск и скулптури што ќе се редат врз „неокласицистичката“ фасада. Засега не е познато од каде НБРМ ги обезбедува финансиските средства за овој проект. Градежните работи за изведба на новиот објект започнаа минатата есен, но истите се одвиваат со намалено темпо. Главната причина за сето ова се подземните инфраструктурни инсталации, кои довеле до потребата да се изведе заштита на градежната јама. Како последица на овие компликации, проектот поскапел за дополнителни 200.000 евра.

 

Идниот „неокласицистички“ објект на Народната банка треба да се изгради во наредните две години. Зградата се издигнува во височина врз основа на идејното решение изработено од авторите Никола Стакинов и Лазар Димов. Основниот проект за овој објект го изработи фирмата „ЛОУ ТЕК“ од Скопје. За изведувач на градежните работи е избрана фирмата „Бетон“ од Скопје.

 

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk