Претходна статија
Бугарски конзорциум ќе ја реконструира пругата Битола - Кременица
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Бравурозното дело „Пошта - 1“ крвари од негрижа полни две години

Проектот „Купи куќа, купи стан“ повторно се промовира преку саем

Објавено на 20.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за финансии од денеска до 28 декември по вторпат го организира саемот со кој се промовира владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. Во просториите на трговскиот центар „Рамстор“ во Скопје се претставуваат градежни компании, банки и останати фирми поврзани со домувањето, кои на заинтересираните граѓани им ги објаснуваат поволностите на овој проект. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во денешната изјава за медиумите посочи дека преку ваквите промотивни активности се зголемува интересот на граѓаните за избор на некој од двата модели за субвенциониран станбен кредит. Тој посочи дека саемските презентации на проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи и во 2015 година низ другите македонски градови.

 

Можноста за подигање на субвенциониран станбен кредит ќе продолжи да се остварува и во 2015 година. Македонските граѓани можат да изберат помеѓу еден од двата модели што ги нуди државата: „половина рата“ или „половина учество“. Проектот „Купи куќа, купи стан“ се остварува во соработка со осум домашни банки, во кои заинтересираните можат да ги поднесат своите апликации за станбен кредит субвенциониран од државниот буџет. Барањата се доставуваат во некоја од експозитурите на НЛБ Тутунска, Охридска, ТТК, Шпаркасе, Алфа, Прокредит, Стопанска – Скопје и Стопанска банка – Битола.