ФОТО ВЕСТ: Доцни изградбата на булеварот Х.Т. Карпош кон скопската обиколница
Пробиена е трасата на новиот сегмент на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел, помеѓу крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ и крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“, но пробиен е и рокот за реализација на проектот. Градежните работи започнаа на 05.12.2015 и требаше да се завршат до јануари годинава, а според состојбата на терен, проектот тешко дека ќе