Претходна статија
За осум месеци нов коловоз на главната улица во Ѓорче Петров
Следна статија
Се работи на проект за адаптација на арената „Филип Втори“ за УЕФА Супер Купот

„Бауер БГ“ ќе го реконструира булевар „Христијан Тодоровски Карпош“

Објавено на 04.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната фирма „Бауер БГ“ од Скопје е ангажирана за реконструкција на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопската општина Чаир. Со проектот ќе се рехабилитира коловозот и ќе се постави ново улично осветлување на потегот од улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“, во должина од 600 метри. Од градскиот буџет за претстојниот зафат се издвоија финансиски средства во висина од 42.767.824 денари, или околу 700.000 евра. Градежните работи е предвидено да се завршат во рок од 14 месеци. Тендерот за избор на најповолен изведувач за проектот беше публикуван на почетокот од февруари годинава.

 

 

 

Санацијата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ е дел од поопсежниот зафат за продолжување на оваа сообраќајница во општина Бутел, овозможувајќи им на граѓаните од населбите Радишани и Бутел уште една патна врска со центарот на градот. Градската власт периодов ги изведува активностите за пробивање на трасата од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до после раскрсницата со улицата „Натанаил Кучевишки“, во должина од 1.000 метри.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk