Претходна статија
ДОНИРАНИТЕ ОБЈЕКТИ ЗА СКОПЈЕ ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Трите станбени кули во Тафталиџе на романскиот архитект Фокша Паул
Следна статија
Град Скопје ќе ја реконструира улицата „Брадфордска“ во Козле

Отворена нова делница од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

Објавено на 09.09.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Денеска официјално беше отворена новоизградената делница од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улица „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1.000 метри. Градоначалникот Петре Шилегов присуствуваше на отворањето и направи увид во ситуацијата на терен во пресрет на почетокот на изградбата на втората делница.

 

*Извор на фотографии: Град Скопје

 

„Со новиот булевар скопјани добиваат ново модерно сообраќајно решение, со 6 сообраќајни ленти, велосипедски и пешачки патеки и средишно зеленило. Сакам да ја најавам и втората фаза од проектот за изградба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, која ќе се одвива во наредните 18 месеци, од улицата „Натаниел Кучевишки“ до Обиколница, за што Градот Скопје издвои 125 милиони денари“ изјави Шилегов.

 

 

Тој објасни дека постојната улица „Бутелска“ нема капацитет да го собере целиот сообраќај и на истата се создава голем сообраќаен метеж. Со новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се овозможи алтернативна траса за поврзување на центарот на Скопје со населбите Бутел, Радишани, Љубанци, Љуботен и останатите населени места.

 

 

» Форумска дискусија за булеварот Христијан Тодоровски Карпош