Претходна статија
Конкурс за најдобри фотографии од фасади на стари скопски објекти
Следна статија
Три парцели за големи трговски центри се продаваат во Струга

Продолжуваат реконструктивните зафати во градинките и дневните центри

Објавено на 20.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Продолжува проектот за реконструкција и адаптација на детските градинки и останатите објекти од јавен карактер низ општините во државата. Само во текот на март, објавени се четири тендери за адаптација на простории за нови детски градинки во општините Чешиново Облешево, Пробиштип и Свети Николе, како и за Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Прилеп. За претстојните реконструктивни зафати е проценето дека ќе се издвојат околу 17 милиони денари од државниот буџет. Градежните работи за адаптација на објектите е предвидено да се завршат во текот на оваа година, со што ќе се зголемат и подобрат капацитетите за сместување на децата од претшколска возраст во повеќе општини.

 

Покрај актуелните тендерски постапки, Министерството за труд и социјална политика од почетокот на годинава објавија десетина тендерски постапки за реконструкција на објектите под негова надлежност и под надлежност на општините. Само на почетокот од февруари годинава, објавени беа осум тендери за адаптација на простории за нови детски градинки и останати објекти од јавен карактер во Куманово, Прилеп, Градско, Пласница, Штип, Чашка и Гевгелија. Во наредниот период ќе стартува нивната санација и адаптација, а од надлежното министерство ќе продолжат со објавувањето на дополнителни тендери со кои првенствено би се решил големиот проблем со недостаток на слободни места за сместување на децата од претшколска возраст низ македонските општини.