Претходна статија
Фабрика на италијанската „Кондево“ почна да се гради во Штип
Следна статија
Над 11.000 потписници го повикуваат премиерот Груевски да го заштити Охридското езеро

Продолжува заштитата на архитектонското наследство во Битола

Објавено на 15.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Конзервацијата и реставрацијата на Јени џамија во Битола влегува во нова фаза. Заводот и музеј – Битола денеска објави тендер за избор на компанија што ќе ги изведува неопходните работи во третата етапа од проектот за целосно возобновување на некогашниот верски објект изграден во 1558/59 година. Реставраторско – конзерваторските активности подразбираат препокривање на зданието, како и покривање и презентација на археолошките остатоци околу него. Оваа фаза следува пред почетокот на изведбата на фасадата и дрвенаријата на објектот, кој во иднина треба да прерасне во уметничка галерија.

 

 

 

Вториот реконструктивен зафат на Заводот и музеј – Битола е насочен кон конзервација и реставрација на фасадата на гимназијата „Јосип Броз Тито“, која во моментов се наоѓа во исклучително девастирана состојба. Проценките говорат дека санациониот зафат ќе чини нешто над 10 милиони денари. Вредниот објект на битолската гимназија е изграден во 1882 година како приватна куќа на Сали-паша. Од 1892 година во него се изведувала настава, додека токму во овој објект на 6 февруари 1945 се одржал првиот час на македонски јазик на целата територија на тогашна НР Македонија.