Претходна статија
Четири години се бара инвеститор за Луна паркот
Следна статија
Пет милиони евра за откупен центар на јаболка во Ресен

Продолжува реконструкцијата на Зоолошката градина во Битола

Објавено на 28.02.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Пет нови живеалишта за лав, тигар, мајмуни, мечка и рис, како и фарма за останати животни ќе се градат во единствената зоолошка градина надвор од главниот град. Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион прибира понуди за извршување на потребните градежни работи во Зоолошката градина во Битола. Заинтересираните фирми треба да достават понуди најдоцна до 20 март, за кога е предвидено и нивното јавно отворање. Се проценува дека изведбата за проектот ќе чини околу 480 илјади евра.

 

Постапката за реконструкција на битолската Зоолошка градина се одвива во неколку фази, при што досега се комплетираше санацијата и изградбата на 11 од вкупно планираните 26 живеалишта. Инвестирани се финансиски средства за подобрување на условите во кои живеат животните преку проектот за прекугранична соработка со грчката општина Лерин, од македонските министерства и агенции, но и од Здружението на пензионери на Битола. Имплементацијата на проектот започна во првата половина на 2012 година, а се очекува истиот да продолжи и во текот на оваа година.

 

Покрај новите објекти за животните, досега е вложено во реновирање и опремување на детскиот парк. Проектната документација предвидува отворање на едукативен центар, ресторан и административен објект во рамките на комплексот. Идејното решение за реконструкција на Зоолошката градина во Битола го изработи архитектонското биро „Есперанца дизајн“.