Претходна статија
Македонскиот транспорт „превезува“ болести и загадување
Следна статија
„Геинг“ ќе изготви проект за санација на автопатот Неготино - Д. Капија

Продолжува обновата на источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Прилеп

Објавено на 20.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Екипите на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп интензивно работат на втората фаза од темелната реконструкција на источниот крак од манастирот „Св. Архангел Михаил“ што се наоѓа над населбата Варош во Прилеп. Со втората фаза се опфатени градежните работи над каменото приземје и првата бетонска плоча, како и изведбата на внатрешните преградни ѕидови и скали до втората бетонска плоча. И покрај тешката пристапност на теренот и составот на карпите каде што се одвива градбата, работите се одвиваат според утврдената динамика. Новиот источен конак се гради на површина од 292 метри квадратни и треба да биде завршен најдоцна до 2015 година, се наведува во денешното соопштение на Министерството за култура.

 

 


* извор: Министерство за култура

 

 

Манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ датира од XII век. Првите конаци се изградени во 1831 година, а се опожарени две децении подоцна. Како еден од најзначајните културни споменици и религиозни зданија на ниво на Македонија, Варошкиот манастир е ставен под заштита на државата како Споменик на културата.