Претходна статија
Студентскиот дом „Гоце Делчев“ ќе се реконструира, ќе се гради нов објект кај „Медицинар“
Следна статија
Професорите и студентите од архитектонските факултети да застанат во одбрана на Скопје

Продолжува изградбата на платформите на реката Отиња, плоштадот „Слобода“ е завршен

Објавено на 12.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната оператива на бугарската компанија „Кибилд“ денеска ја продолжи реализацијата на проектот за уредување на коритото на реката Отиња во Штип. Најдоцна до велигденските празници треба да биде завршена првата паркинг платформа над речното корито, а во наредните месеци треба да се изградат и преостанатите четири платформи кои треба да обезбедат паркинг простор за околу 130 возила. Во согласност со потпишаниот договор од март минатата година, изведувачот на работите треба да го заврши проектот во рок од 18 месеци. Покрај тоа што ќе се реши проблемот со паркирање во Штип, со овој зафат ќе се санираат постоечките мостови и ќе се изградат нови пешачки патеки покрај Отиња.

 

 

* Извор: Општина Штип

 

 

По три неуспешни технички приеми, заврши и изведбата на централниот градски плоштад „Слобода“ во Штип. Градежната компанија „Бетон“ од Штип ги корегирала сите аномалии во проектот со што се заокружи неговата реализација, чија крајна вредност изнесува 360.000 евра. Локалната самоуправа од градот ги спроведе двата проекта преку заем од Светската банка во износ од 2 милиони евра.