Претходна статија
ЕУ објави тендер за рехабилитација на пругата Битола - Кременица, ќе се гради и станица кај Жабени
Следна статија
Ќе има ли повторен прекин во инвестирањето во соларни електрани?

Привршува проширувањето на „Александар Македонски“ во Прилеп

Објавено на 16.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната оператива на „Гранит“ деновиве ја привршува втората фаза од реконструкцијата и проширувањето на улицата „Александар Македонски“ (поранешна „Моша Пијаде“) во Прилеп. Речиси целата траса во должина 1.200 метри е асфалтирана, а во моментов се изведуваат велосипедските и пешачките патеки од двете страни на сообраќајницата. Со комплетирање на булеварското решение, на потегот од бензинската станица на „Макпетрол“ до крстосницата кај некогашната фабрика „Солидарност“, целосно ќе се заврши проектот за изградба на брза сообраќајна артерија од влезот на Прилеп до централното градско подрачје, со по две ленти во секој правец и вкупна ширина на коловозот од 15 метри.

 

извор: Општина Прилепизвор: Општина Прилепизвор: Општина Прилеп

извор: Општина Прилепизвор: Општина Прилепизвор: Општина Прилеп

 

 

Општина Прилеп за реализација на реконструкцијата и проширувањето на улицата „Александар Македонски“ доби кредит во висина од 800.000 евра од Светска банка. Пред почетокот на втората фаза од проектот, во август минатата година беше пуштен во употреба првиот дел од новиот булевар, на потегот од влезот на Прилеп кај бензинската станица „Лукоил“ до бензинската станица „Макпетрол“.