Претходна статија
Нови 6,5 милиони евра за „Светиклиментовиот универзитет“ на Плаошник
Следна статија
Поставен камен темелник на спортска сала за УКИМ

Привршува изградбата на комплексот „Рем“ во Тетово

Објавено на 18.04.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Како што беше соопштено на денешната презентација, во напредна фаза е изградбата на тетовскиот повеќенаменски комплекс „Рем“, заедничка инвестиција на „Електрометал“ од Тетово и „Ренова“ од Џепчиште во висина од 40 милиони евра. Проектот се реализира на локација веднаш до градскиот зелен пазар [»мапа]. Комплексот се состои од: 146 станови, трговски центар со 12.000 метри квадратни, луксузен хотел со 5 звездички на 12 ката и 120 соби, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот и 400 паркинг места. Според новите информации, објектот ќе има вкупна површина од 60.000 метри квадратни. Официјалното отварање е предвидено за втората половина на октомври годинава.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

 

Визуелизации: