Претходна статија
Започнува реализацијата на втората и третата фаза од хидросистемот „Злетовица“
Следна статија
Продолжува проширувањето на булеварот Илинден, ќе се проширува и улицата Манапо

Прилепскиот градоначалник најавува нова населба за 13.000 жители

Објавено на 26.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Визуелизација на планираната населба „Градина“ во ПрилепЛокалната самоуправа од Прилеп вчера го презентираше планот за подигнување на новата населба „Градина“, во која е планирано на површина од 42 хектари да се изградат станбени згради и куќи за 13.000 жители. Согласно со усвоениот Детален урбанистички план, на локалитетот се предвидени 424 градежни парцели кои општината ќе ги понуди на електронско јавно наддавање во претстојниот период. Покрај објектите за домување, планирана е изградба на деловни објекти, големи трговски и угостителски единици, образовни институции, објекти за спорт и рекреација, а исто така најавено е воведување на централно греење и енергетски ефикасно осветлување.

 

Заинтересираните инвеститори при реализацијата на градбите ќе треба да ги задоволат европските критериуми за енергетска ефикасност, како што е употребата на сончева енергија, имплементирање на топлинска изолација во објектите и обезбедување на технолошка вода. За подигање станбени куќи и станбени куќи со посебен режим се предвидени 368 градежни парцели, додека за колективно домување е планирано да се понудат 24 парцели. На седум локации е зацртано да се изградат супермаркети, трговски центри и затворени пазари, а идентичен број површини се предвидени за инвестирање во објекти за мали комерцијални и деловни намени.

 

Во новата населба „Градина“ ќе се смести едно училиште за потребите на граѓаните и по два големи угостителски објекти и спортско – рекреативни сали. Локалните власти од Прилеп допрва ќе вложат финансиски средства во изградба на потребната инфраструктура за отпочнување на најавениот проект. Промовираниот комплекс се наоѓа на 1,5 километри оддалеченост од центарот на Прилеп, на местото на поранешните оранжерии.

 

 

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=RbFiMdwlFRQ&rel=0&w=515]