Претходна статија
Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе гради нов студентски дом во Штип
Следна статија
Општина Илинден го подготвува теренот за новата населба „Јака“

Прилеп ќе добие нов булевар со четири коловозни ленти

Објавено на 07.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Постоечката прилепска улица „Моша Пијаде“ во иднина ќе прерасне во модерен булевар со четири коловозни ленти. На источниот влез во градот, кај бензинската станица на „Лукоил“, денеска започна реализацијата на овој инфраструктурен проект, кој истовремено предвидува изградба на пешачки и велосипедски патеки и осветлување долж целата траса.

 

Мапа: Проширување на улицата Моша Пијаде во ПрилепПроектот е поделен во две фази, при што за првата етапа во должина од 800 метри се обезбедени финансиски средства во висина од 30 милиони денари од кредитот за инфраструктурни зафати во македонските општини, доделен од страна на Светска банка. Најавено е овој дел од сообраќајницата да биде завршен во временски период од околу пет месеци. По комплетирањето на првата фаза, локалната самоуправа планира да го продолжи проширувањето на улицата во должина од уште околу 1.200 метри, до крстосницата кај некогашната фабрика „Солидарност“, за што ќе се искористат дополнителни средства од истиот заем. Со спроведување на претстојните градежни активности ќе се уреди влезот во градот од магистралниот пат од правецот на Градско и Кавадарци кон централното градско подрачје на Прилеп.