По речиси две години од почетокот на изградбата на бизнис центарот „Сити центар“ во Прилеп, привршува изведбата на неговата карабина. Претпоследната плоча е речиси завршена и во претстојниот период треба да следи поставувањето и на финалната плоча во трговскиот центар со приземје и два ката. Покрај просторот наменет за комерцијални активности, во објектот е планиран и паркинг простор со капацитет од 150 возила. „Сити Центар“ се гради на градежна парцела со површина од 1.617 метри квадратни [»мапа], а инвеститор во проектот е компанијата „Дравас инженеринг“ од Струмица.
Бизнис центарот ќе се состои од продавници со брендирана роба, кафетерии и канцеларии, во кои се најавува дека ќе бидат вработени 250 лица. Во објектот ќе биде инсталиран систем за вентилација и климатизација. Инвестицијата изнесува околу 5 милиони евра, а архитектонскиот проект го изработија авторите Мартин Пановски и Душица Диновска од „Студио 2000“ од Скопје, кои за овој репрезентативен објект ја добија наградата од областа на архитектурата на 16-тото Биенале на македонска архитектура (БИМАС). Изведувач на градежните работи е компанијата „Теракота“ од Прилеп.
» Форумска дискусија за овој проект
Визуелизации: