Претходна статија
Куманово доби организиран јавен автобуски превоз
Следна статија
Нема абер од нови пунктови и велосипеди за изнајмување во Скопје

Шарена џамија ќе се реставрира со американска помош

Објавено на 15.09.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс денес потпишаа Договор за грант во вредност од 94.700 евра за конзервација и реставрација на фасадата на Шарената џамија во Тетово. Финансиските средства се обезбедени преку Американскиот фонд за културна заштита, програма финансирана од Стејт департментот на САД.

 


* сликата е превземена од Википедија

 

Обновувањето на Шарената џамија во Тетово е процес кој трае неколку години наназад. Во 2010 година беа вложени 120.000 денари за ретуширање на ѕидовите преку Националниот конзерватоски центар. Во изминатите четири години се заврши дренажата на објектот и се направи заштита од атмосферски води, а во 2008 година се работеше на ретуширање на сегменти од внатрешноста на овој значаен културно – историски споменик.

 


* сликата е превземена од Википедија

 

Шарената џамија, именувана и како Пашина џамија, е изградена во 1495 година, а доградена и проширена е во 1833 година од страна на Абдурахман – паша. Со преубави и уникатни насликани орнаменти и употребените сликарски техники, овој објект претставува еден од најпрепознатливите белези на Македонија, но и еден од бисерите на исламската архитектура воопшто.

 

Бојан Блажевски