Претходна статија
Охрид задутре домаќин на прославата „100 години од раѓањето на Борис Чипан“
Следна статија
ЈСП ќе се задолжи со 10 милиони евра за новите еко - автобуси

Предадена во употреба пречистителната станица за отпадни води во Прилеп

Објавено на 03.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Новоизградената пречистителна станица за отпадни води во Прилеп денеска беше свечено пуштена во употреба во присуство на премиерот Зоран Заев, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Станува збор за капитален инфраструктурен објект во кој се инвестирани околу 23 милиони евра, од кои 17,5 милиони евра се обезбедени од Европската Унија, а останатите од државниот буџет. Овој проект започна да се реализира во 2008 година.

 

 

„Во Црна Река нема повеќе да се слеваат фекалии. Тоа значи дека земјоделците и градинарите сите производи кои ги произведуваат, ќе ги полеваат со чиста вода, дека ќе купуваме еколошки чисти производи на пазарите“ изјави градоначалникот Јованоски. Пречистителната станица ќе ги опфати отпадните води од 95.000 жители од прилепскиот регион, со што ќе се заштити еколошката средина од Прилеп и околните населени места.

 

„Со оваа станица, пречистената вода ќе се враќа во градската река, со можност за произведување на биогас од отпадните и канализациони води“ изјави премиерот Зоран Заев. Евроамбасадорот Самуел Жбогар додаде дека капиталниот објект во Прилеп претставува најголема и најубава пречистителна станица за отпадни води во Македонија. Заедно со неа, низ Прилеп се реконструираше канализациона мрежа во должина од дури 60 километри.

 

*Извор на фотографии: Општина Прилеп

 

Европската Унија нема да сопре во финансирањето проекти од областа на животната средина. Македонската влада во наредниот период ќе реализира проекти во вредност од околу 120 милиони евра, од кои најголем дел или околу 85% ќе бидат грант средства од Европската Унија преку претпристапните ИПА фондови.