Предадена во употреба пречистителната станица за отпадни води во Прилеп
Новоизградената пречистителна станица за отпадни води во Прилеп денеска беше свечено пуштена во употреба во присуство на премиерот Зоран Заев, шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Станува збор за капитален инфраструктурен објект во кој се инвестирани околу 23 милиони евра, од кои 17,5 милиони евра се