Претходна статија
Ќе се изработува нова физибилити студија за гасификацијата на земјава
Следна статија
Инвеститорите во фотонапонски електрани се уште мака мачат со дозволите од регулаторна

Повторно е актуелизирана реконструкцијата на градскиот плоштад во Прилеп

Објавено на 17.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Централниот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ во Прилеп во наредните месеци ќе добие нов современ изглед. Локалната самоуправа од градот денеска повторно го актуелизираше проектот за реконструкција на јавниот простор со површина од околу 8.000 метри квадратни, која ќе се одвива во дополнителни три фази. Изведбените активности ќе стартуваат од улицата „Борка Талески“, на потегот од училиштето „Кочо Рацин“ до поранешната „Градска кафеана“. „Реконструкцијата опфаќа замена на постоечкиот плочник со нови мермерни и гранитни плочи, а предвидено е и зголемување на постојните зелени површини, поставување на модерна урбана опрема, како и обновување и ревитализација на осветлувањето“, истакнуваат од општина Прилеп.

 

Плоштад Методија Андонов Ченто, Прилеп - визуелизацииПлоштад Методија Андонов Ченто, Прилеп - визуелизацииПлоштад Методија Андонов Ченто, Прилеп - визуелизации

Плоштад Методија Андонов Ченто, Прилеп - визуелизацииПлоштад Методија Андонов Ченто, Прилеп - визуелизации

 

 

Идејата за санацијата на градскиот плоштад во Прилеп е стара неколку години. Локалната власт во 2011 година ги почна градежните активности за реализација на првата фаза, а во пролетните месеци од 2012 година беше иницирана и втората фаза од спроведувањето на овој проект. Комплетно беше реконструирано платото пред Меморијалниот музеј „11 октомври 1941“ и беше поставен споменикот на Кузман Јосифовски – Питу. И покрај тоа што голем дел од зафатот веќе беше реализиран, од општината повторно го актуелизираат овој проект. Засега не се објаснуваат причините за ваквиот потег, ниту пак е објавена информација за финансиските средства што ќе треба да се одвојат од локалниот буџет за новиот изглед на централниот плоштад.

 

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=GPom216vRMQ&rel=0&w=515]