Претходна статија
Кочани бара приватен инвеститор за изградба на СПА-центар
Следна статија
Две причини го кочат пуштањето во употреба на автопатот Демир Капија - Смоквица

Потпишан договорот за изградба на нова градинка во Шуто Оризари

Објавено на 20.07.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Норвешкото министерство за надворешни работи ќе ја финансира обновата на опожарената детска градинка во скопската општина Шуто Оризари. Пред неколку дена беше презентиран проектот, а денеска беше потпишан и проектниот договор од страна на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставникот на УНДП Луиза Винтон и амбасадорот на Кралството Норвешка Арне Санс Бјорнштат. Градинката „8 Април“ целосно изгоре во неодамнешниот пожар, со што децата од општината Шуто Оризари останаа без единствениот ваков објект на нивната територија.

 

Со претстојниот зафат ќе се инвестира во нова градба со површина од 1.500 метри квадратни. Објектот ќе има зголемен капацитет во споредба со некогашниот и ќе може да прими околу 200 дечиња од предшколска возраст. Дневниот центар за деца на улица во новиот објект ќе добие посебен вле. Градежните работи се очекува да се завршат во рок од 18 месеци.