Претходна статија
Се подготвува стратегијата за развој на енергетиката до 2035 година
Следна статија
Стотина граѓани ги искористија бесплатните проекти при изградба на куќи во Илинден

Потпишан договорот со „Визер“ за шест нови авио дестинации

Објавено на 14.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Визер“ во јуни ќе воведе директни линии за пет нови европски дестинации од аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, и тоа до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрихсхафен, кои ќе се остваруваат два пати неделно. Од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ ќе лета до Базел, исто така два пати неделно. Билетите за шесте нови дестинации ќе бидат пуштени во продажба во февруари. Министерството за транспорт и врски го потпиша договорот со нискобуџетната авиокомпанија за финансиска поддршка овие авионски линии, за периодот од 2015 до 2018 година.

 

Од надлежното министерство денеска соопштија дека покрај најавените шест нови дестинации, во изминатиов период преку Проектот за доделување финансиска поддршка на нови авиолинии се воведоа директни летови кон 15 европски градови. Според првичните неофицијални податоци, лани од двата македонски аеродроми биле превезени 1.278.343 патници, што претставува зголемување на бројот на патници за 20% во споредба со 2013 година.