После неколкунеделни подготвителни работи, вчера беше поставен споменик на Свети Климент Охридски во средишното зеленило на истоимениот булевар, спроти Соборниот храм во Скопје. Денес се работеше на постаментот кој е обложен со црн мермер. Споменикот е дело на академик Томе Серафимовски. Изработен е од бронза и чини 185 илјади евра. Споменичната скулптура е висока 4,5 метри, а е поставена на постамент висок 1,2 метри. Свечено откривање е најавено за наредната недела.