За 2 август е најавено свеченото пуштање во функција на реновираната јужна трибина на Националната арена „Филип Втори“. Со наближување на рокот привршуваат и главните зафати на трибината. Таа се здоби со нов покрив и ново осветлување, идентични како оние од северната трибина, а се поставуваат и нови столчиња, но тие се различни – дводелни, на отварање. Реконструкцијата стартуваше во октомври 2009 година, додека поконкретно интервенцијата врз кровната конструкција започна во февруари годинава. Паралелно се одвиваат работите и на изградбата на источната и западната трибина, чиј камен темелник беше поставен во септември 2009 година. Рокот за нивно ставање во употреба е ноември. Целосното довршување на арената, со подтрибинскиот простор, ново фасадно обликување, обновен терен и атлетска патека, е пролонгирано за 2013 година.
Форумска дискусија за овој проект » овде