Претходна статија
Поставен е новиот покрив на „јужна“, се редат и новите столчиња
Следна статија
Означен стартот на изградба на две спортски сали во Битола

Отпочна санацијата на свлечиштето на магистралниот пат Битола – Ресен

Објавено на 24.07.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежниците на ДГ „Бетон“ ги започнаа активностите за трајна санација на големото свлечиште на магистралниот пат М-5 во делот помеѓу Битола и Ресен, кое настана на 20 февруари годинава. Констатирано е дека причина за појава на 60-метарското свлечиште е прекумерното влажење на подлогата и нејзино презаситување, што резултирало со свлекување по насипаниот материјал. Предвидено е санацијата да биде целосно завршена во рок од 2 месеци, односно до крајот на септември. Во меѓувреме сообраќајот кај оштетениот сегмент се пренасочува по стариот пат Р-106.