Претходна статија
Подземната сообраќајница ќе чека подобри времиња
Следна статија
Две години активност на граѓанската иницијатива „На точак“

Попова Шапка со нова жичара за идната зимска сезона

Објавено на 24.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Италијанската компанија „Леитнер“ (Leitner AG/Spa) ќе ја проектира и ќе ја гради шестоседата жичара во рамките на скијачкиот центар Попова Шапка. Нарачателот ЕЛЕМ (Електрани на Македонија) потпиша договор во вредност од 581.002.500 денари или околу 9,4 милиони евра, со кој ќе се реализира долгонајавуваниот проект најдоцна до првото тримесечје на 2015 година. Должината на трасата на идната жичара изнесува 1.420 метри, додека нејзиниот максимален капацитет ќе биде 3.200 скијачи за еден час. Во согласност со плановите на државната компанија, во зимско – рекреативниот центар е предвидено да се изградат и три нови скијачки патеки со должина од 5.000 метри.

 

* извор: www.popova-sapka.mk

 

 

За скијачкиот центар Попова Шапка е изготвен мастер – план за негова модернизација, проект во чии рамки ќе се инвестираат 30 милиони евра. ЕЛЕМ во октомври минатата година ја избра скопската фирма „Векон инт“ за консултант околу идниот развој на овој најпознат македонски зимско – рекреативен центар.