Претходна статија
Градскиот буџет за догодина ги скара власта и опозицијата
Следна статија
Се реконструира скијачката патека во Нижеполе

Поништено решението за градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на 24.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски го поништи решението за градба на објектот во кој е сместено седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Одлуката доаѓа по предлог на овластениот градежен инспектор на Општина Центар, по реализираниот инспекциски надзор со кој се утврди дека терасата над главниот влез на објектот е дивоградба. По ваквата одлука на градоначалникот Жерновски, Општина Центар ќе донесе решение за отстранување на дивоизградената тераса.

 

 

 

„Градежна инспекција на Општина Центар излезе на лице место и направи увид, при што е констатирано дека не се работи за настрешница, туку за тераса која е изградена без одобрение. И од проектот на „Бетон“ се гледа дека се работи за тераса, бидејќи на проектот е нацртан човек кој се движи по терасата и влез од терасата кон внатрешноста на објектот“, посочуваат од Општина Центар. Инспекцијата од оваа локална самоуправа констатирала дека изградениот објект е пуштен во употреба без издадена употребна дозвола.

 

Новата комерцијално – деловна зграда се градеше во партнерство со градежната компанија „Бетон“ од Скопје. Дел од просториите се наменети за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, додека преостанатата површина е наменета за хотелски комплекс што ќе го отвори инвеститорот, кој се вклучи во проектот во 2013 година.