Претходна статија
Отворена фабриката на „Кемет електроникс“ во Бунарџик
Следна статија
Новиот мост на Дрим во Струга ќе се гради претстојната пролет

Покрај на прошетка, во иднина ќе скијаме на Водно

Објавено на 18.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Идејата на скопскиот градоначалник Коце Трајановски за реализација на ски – патека на Водно преминува во нова фаза со изработката на Нацрт урбанистичкиот план вон населено место „Ски центар Водно“ од страна на Општина Карпош. Според планот скопјани во иднина ќе можат да скијаат од десната страна на Милениумскиот крст во правец кон селото Нерези, а како најбрз рок за остварување на ветувањето се спомнува крајот на 2013 година. Градската администрација размислува за распишување на повик за избор на концесионер кој ќе ја изгради инфраструктурата и ќе ја инсталира потребната опрема, во замена за неколкугодишно собирање на приходите од продажбата на билети.

 

Локалните власти веќе ја спроведоа стручната презентација на планот кој го уредува просторот со површина од 180,07 хектари, а по завршувањето на рокот за писмени забелешки од заинтересираните лица, тој ќе се најде пред општинските советници. За проектот веќе е изработена студија за исплатливост на инвестицијата од страна на консултантска компанија. Идната ски – патека е планирано да се изведе на местото на некогашната стаза, на која пред повеќе од 20 години биле правени обиди за да се реализира сличен проект. Предвидувањата на градските власти се дека идејата би можело да се преточи во реалноста со помош на жичарницата на Водно, која би ги превезувала рекреативците до Милениумскиот крст.