Претходна статија
Државата конечно се сети на Спомен - костурницата во Велес
Следна статија
Новата фасада на МЕПСО е подготвена за изведба, надлежните го кријат изгледот од јавноста

Подземниот катастар за македонските градови е мислена именка

Објавено на 29.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонските градови се уште немаат подземен катастар. Поради недостигот на целосни информации за постојната инфраструктура под земја, се напуштаат дел од идеите за реализација на капитални проекти, а оние што се започнати се одвиваат со споро темпо. Граѓаните и стопанските субјекти страдаат од подолготрајни прекини на дистрибуцијата на вода, електрична енергија, интернет и телефонски врски поради оштетување на подземните водови при изведување на градежни зафати. Од друга страна, инвеститорите и изведувачите мака мачат со непостоењето на прецизни податоци за ваквата инфраструктура при изградбата на подземни сообраќајници и гаражи, реконструкцијата и проширувањето на булевари и улици, санацијата на постоечката подземна инсталација или пак подигнувањето на нови објекти. Државните институции од година во година ја одложуваат реализацијата на овој исклучително значаен проект.

 

Техничките услови за започнување на проектот „Подземен катастар“ треба да се подготват до крајот на 2013 и почетокот на 2014 година, преку надградба на електронскиот катастар со можност за впишување на подземните инсталации. Македонската влада во септември минатата година вети нов закон за стекнување право на сопственост на подземната инфраструктура од страна на државните и приватните компании и воведување на проектот во функција во текот на 2013 година. Сепак, конкретни крајни рокови за спроведување на ветувањето преку овозможување на сите субјекти да стекнат сопственост врз подземната инфраструктура засега не се соопштуваат.

 

 

 

 

Состојбата во реалноста покажува дека само мал дел од локалните самоуправи во земјава преземаат конкретни иницијативи за спроведување на проектот „Подземен катастар“. Една од ретките е општина Прилеп, која започна со реализацијата на географскиот информативен систем (ГИС) за водоводната мрежа во градот. На заинтересираните субјекти од први февруари постепено ќе може да им се даде увид во позиционираноста на цевките, вентилите и шахтите под надлежност на Ј.П. „Водовод и канализација“ од Прилеп. Наскоро во овој град ќе започне изработувањето на подземен катастар и за електричната, телефонската, комуналната и останатата мрежа лоцирана под земја. За несериозноста на градските власти низ целата земја говори податокот за Скопје, чија власт уште во 2002 година донесе одлука за оформување на катастар за подземната мрежа, но таа се уште не е во целост имплементирана.

 

Во Акциониот план за изработка на инфраструктурниот катастар на Агенцијата за катастар на недвижности е наведена визијата дека во наредните 10 години овој катастар ќе покрива повеќе од 95% од сите инфраструктутни водови во земјата. Проектот е поделена на два дела, при што во првата етапа ќе треба да се имплементира електронскиот систем, како предуслов за собирање на податоците. Во период од првите пет години треба да се соберат податоците за 80% од целокупната подземна инфраструктура во земјава.

 

 

» Форумска дискусија на оваа тема