Претходна статија
„Гранит“ потпиша три договори во вредност од преку 195 милиони евра
Следна статија
Со американска донација се реновира Здравствениот дом во Гевгелија

Подземниот катастар ставен во функција

Објавено на 24.04.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со впишување на првиот инфраструктурен објект на Македонски телеком и издавање на имотниот лист почна да функционира подземниот катастар во Македонија. Преку реализација на овој проект се отвора можноста за целосно бележење на подземната инфраструктура, со што сите заинтересирани субјекти во иднина ќе имаат јасни информации за сето она што е изградено под земја во македонските општини. Главната придобивка е во намалување на оштетувањата на подземната инфраструктура при изведба на градежни работи, а со тоа и забрзување на реализацијата на проектите и намалување на непредвидените дополнителни трошоци што се насочуваат за оваа намена.

 

 

 

Во подземниот катастар во наредниот период ќе се внесат податоци за целокупната електрична, телекомуникациска, водоводна и останата мрежа што се наоѓа под објектите и под неизграденото земјиште. „Започнувајќи од вторникот создадени се услови за запишување на телекомуникациската инфраструктура и ги повикувам сите компании кои располагаат со соодветна градежно – техничка документација да ја достават и што поскоро да добијат имотен лист“, изјави на денешната прес – конференција директорот на Агенција за катастар на недвижности Славче Трпески. Запишувањето на целокупната подземна инфраструктура во земјава е предвидено да заврши најдоцна до 24 април 2018 година.

 

 

» Форумска дискусија на оваа тема