Претходна статија
Изложени архитектонските трудови за новиот изглед на „Езерце“
Следна статија
Цената на новиот Археолошки музеј порасна за уште 710 илјади евра

Подземен катастар и во општините од Источна Македонија

Објавено на 18.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалните самоуправи од источниот плански регион се во подготовка за воспоставување на подземниот катастар на нивните територии. За реализација на овој обемен проект ќе бидат неопходни финансиски средства во висина од 450 до 500 илјади евра. Притоа, словенечката влада ќе обезбеди грант што ќе покрие околу 70% од трошоците, додека преостанатите средства ќе се црпат од буџетите на општините. По завршувањето на првата фаза, предвидено е да се премине на втората фаза од овој проект, кој значи конкретна реализација на подземниот катастар.

 

 

 

Со имплементација на подземниот катастар ќе се внесат точни податоци за позиционираноста на целокупната подземна инфраструктура што се наоѓа под објектите и под неизграденото земјиште, вклучувајќи ја електричната, телекомуникациската, водоводната и останатата мрежа.