Претходна статија
Април ни донел двојно повеќе планирани станови
Следна статија
Најдолгата пештера во Македонија ќе се уреди за развој на алтернативен туризам

Поднесени над 2.100 барања за субвенции за купување велосипед

Објавено на 13.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Голем интерес од жителите на главниот град за субвенционирано купување велосипед. До Градот Скопје во изминатиов месец пристигнале над 2.100 барања од граѓаните за субвенција за набавка на велосипед. „Формираната Комисија секојдневно ги обработува пристигнатите барања и одлучува по истите согласно однапред донесените критериуми за добивање на субвенции за набавка на велосипед“ соопштуваат градските власти. Од Град Скопје нагласуваат дека граѓаните треба што побрзо да ги поднесат своите барања за субвенции, нагласувајќи дека средствата наменети за овој проект се речиси исцрпени.

 

Во градскиот буџет за 2017 година се предвидени околу 10 милиони денари за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди. Средствата што ќе ги надоместува Градот Скопје се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето износ, по лице.