Претходна статија
Два нови објекти за основни училишта ќе се градат во Скопје
Следна статија
Се обновува источниот конак на манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Варош

Почна проширувањето на улицата Маџари во општина Гази Баба

Објавено на 18.06.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По потпишувањето на договорот со фирмата „Бауер БГ“ за реализација на проектот, Градот Скопје денеска го започна проектот за реконструкција и проширување на улицата Маџари во општина Гази Баба. Изведбата ќе се одвива во две фази – во првата фаза ќе се изврши проширување на потегот од крстосницата со улица Јужноморавски бригади до улицата Палмиро Тољати во должина од 666 метри. За овој инфраструктурен проект од градскиот буџет се предвидени 52 милиони денари.

 


* Извор на фотографија: Град Скопје

 

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски на денешното започнување на градежните работи ги презентираше основните карактеристики на проектот. „Со проширувањето, оваа тесна и нефункционална улица ќе добие 4 сообраќајни ленти со ширина од по 3,25 метри и нови тротоари. Од левата страна на улицата Маџари, гледано кон надвозникот, ќе се формира велосипедска патека со ширина од 3 метри и пешачка патека со ширина од 1,5 метри. Од десната страна на оваа улица ќе се формира пешачка патека со ширина од 2 метри. На новопроширената делница ќе се постави и ново улично осветлување“, истакна Трајановски.

 

Покрај проширувањето на оваа улица, како дел од проектот ќе се изведат градежни работи за поставување на нова атмосферска канализација на потегот од раскрсницата на улицата Јужноморавски бригади со улицата Методија Андонов Ченто до надвозникот во Маџари во должина од 929 метри.