Претходна статија
Сончевата енергија е бесплатна - искористете ја и заштедете
Следна статија
Втор обид за избор на идејно решение за катната гаража во Охрид

Почна обновата на опожарените конаци на манастирот Трескавец

Објавено на 13.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска изврши увид во градежните работи за обнова на опожарените конаци во прилепскиот манастир Трескавец. „Рокот е три години. Засега се тече според планот. Се договоривме и за уште друг пристап до манастирот за камионите, за непречено изведување на градежни работи“ рече министерката Канческа-Милевска. За изведувач на проектот е избрана српската фирма „Кото“. Министерството за култура обновата на опожарените конаци ја финансира со средства во висина од 2 милиони евра.

 

*Извор на фотографија: Министерство за култура

 

 

Паралелно со градежните работи, Прилепскиот Завод и Музеј работи на проектите за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од XIII век. Елаборатот за сите зафати треба да биде готов следната година, а идната година треба да почнат и конзерваторските работи. Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс во близина на Прилеп треба да заврши до 2018 година.