Претходна статија
Цената на патот кон Сончев град нарасна на 7,5 милиони евра
Следна статија
Отворена најголемата и најсовремена градинка во Македонија

Почна изградбата на прилепската станбена населба „Градина“

Објавено на 28.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Две години по обелоденувањето на идејата за изградба на новата прилепска населба „Градина“, денеска беше поставен камен – темелник на првата куќа на семејството Митрески. Со тоа и официјално започна реализацијата на проектот, на кој му претходеа неколку електронски лицитации за продажба на градежни парцели. Посакувајќи им среќа и успех на идните жители на населбата, прилепскиот градоначалник Марјан Ристески денеска информираше дека досега се продадени 14 локации од првиот модул наменети за изградба на куќи. Во моментов се одвива постапка за отуѓување на три нови локации за градење во оваа населба.

 

* Извор на фотографија: Општина Прилеп

 

 

Во согласност со изнесените планови на Општина Прилеп во 2012 година, новата населба „Градина“ треба да се простира на површина од 42 хектари и да обезбеди домови за 13.000 жители. Локацијата е составена од 424 градежни парцели, со чија реализација ќе се добие модерна градска населба со објекти за домување, деловни зданија, трговски и угостителски центри, образовни институции и објекти за спорт и рекреација. Населбата е лоцирана на 1,5 километри оддалеченост од центарот на Прилеп, на местото на некогашните оранжерии.