Претходна статија
600.000 евра за проширување на „Партизанска“ во Ѓорче Петров
Следна статија
„Бауер БГ“ ќе го гради затворениот базен во Охрид

По две и пол години, се најдоа пари за реконструкција на главната пошта

Објавено на 19.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Конечно се најдоа финансиски средства за заштита на бравурозното дело на македонскиот архитект Јанко Константинов. Македонски пошти во изминативе два месеци активно работи на делумна реконструкција на зданието „Пошта – 1“ во центарот на Скопје. Изведбените работи периодов се фокусирани единствено на покривната конструкција. Оштетените бетонски делови се санираат, а во моментов се поставува и хидроизолација на бетонската површина. Како што можеше да увиди екипа на „Билд“ на терен, градежните работи во внатрешноста на шалтер – салата не се започнати. Не се знае ниту кога ќе започнат активностите за нејзина санација.

 

 

 

Врнежите во овие две и пол години се сливаа во внатрешноста на врвното архитектонско дело, кое од очите на јавноста е заштитено со црни фолии. Од Македонски пошти се одлучиле да ја изведат полиуретанската хидроизолација на покривот, со која ќе се заштити канцеларискиот простор. Во следната фаза ќе мора да се изведат куполите на главната пошта, со што ќе се реши проблемот со навлегување на вода во внатрешните простории. За санацијата на шалтер – салата засега нема решение. Единствената позната информација е дека во иднина таа ќе се вклучи во владиниот проект за едношалтерски систем, во која граѓаните ќе можат да завршат некои од административните обврски кон државата.

 

За изведба на хидроизолацијата на кровот на главната пошта во Скопје се издвоија финансиски средства во износ од 4.253.374 денари.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk