Претходна статија
„Скопје 2014“ пристигна и во Маџир Маало
Следна статија
Ќе се доврши плоштадот во Влае

Плоштадот „Скендербег“ ќе биде завршен во 2014 година

Објавено на 29.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Иако доцнат изведбените работи на проектот, плоштадот „Скендербег“ ќе биде завршен на време. Од Општина Чаир ветуваат дека преостанатите две фази од изградбата на овој јавен простор во центарот на Скопје ќе бидат завршени во текот на 2014 година. Како што беше објавено и на започнувањето на проектот, наредната година ќе се работи на најсложениот дел – втората фаза, која опфаќа премостување на булеварот „Гоце Делчев“ до објектот на Македонската опера и балет. На тој начин, ќе се оформи целината на ова урбано јадро, кое треба да се поврзе со плоштадот „Филип Втори“. Причина за доцнењето во реализацијата на проектот е долгата процедура за добивање на документите, кои не се докомплетирани. Од Општината наведуваат дека изградбата на плоштадот ќе продолжи напролет.

 

 

 

Остварувањето на проектот за плоштадот „Скендербег“ стартуваше во јануари 2012 година, а што најголем дел од изведбените активности финишираа во првата половина на 2013 година. Како изведувач на зафатот беше избрана австриската градежна компанија „Алпине“, која банкротираше во текот на јуни година. Овие околности влијаеја врз завршните работи на првата етапа од проектот, кој според одговорните од Општина Чаир сега комплетирани.

 

 

 

Финансиската конструкција на овој проект изнесува околу 10 милиони евра, средства што се обезбедени од владиниот и локалниот буџет. Идниот плоштад ќе се простира на површина од 28.674 метри квадратни, пешачка зона што ќе ги спојува општините Центар и Чаир. Во рамките на проектот е предвиден и подземен паркинг на две нивоа на местото на постоечкиот паркинг кај споменикот „Скендербег“.