Градот Скопје за изведба на осветлување на новиот плоштад ВМРО ќе потроши 14.556.632 денари, или околу 230.000 евра. Со дополнителниот зафат, овој јавен простор со површина од 681 метри квадратни ќе го чини градскиот буџет над 1,7 милиони евра. Во наредните два месеци на поставување на „стилизираните“ канделабри ќе работи фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци. Во моментов пред седиштето на владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ се преуредуваат веќе поставените плочки, со цел да се добие посакуваниот дизајн. Покрај изведбата на самиот плоштад, во изминатиов период се работеше и на изградба на пристапната улица.
Новиот плоштад „ВМРО“ се состои од фонтана и спомен обележје, изработено од скулпторката Елена Дуковска. На столбот од фонтаната се изработени мотиви од историјата на ВМРО, а на неговиот врв е поставен симболот лав. Во текот на летните месеци беа пуштени во употреба и новите простории во кои е сместено седиштето на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk