Претходна статија
Се изедначи бројот на патници што користат авион и воз во земјава
Следна статија
Промовиран новиот објект на „Стариот театар“

„Плоштад Слобода“ бара измени во ДУП „Мал Ринг“ за заштита на зелените површини

Објавено на 31.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Огласената парцела за продажба на плоштадот „Македонија“ и трите зелени појаси околу објектот на Македонска опера и балет (МОБ) да не прераснат во нови објекти. Невладината организација „Плоштад Слобода“ во денешното соопштение до медиумите излезе со барање за измени во ДУП „Мал Ринг“, со кои ќе се оневозможат ваквите градби во централното градско подрачје на метрополата. Од таму нагласуваат дека просторот за иден комерцијално – деловен објект е единствениот празен простор на плоштадот Македонија и дека со неговата пренамена во центарот на градот ќе нема проток на воздух. Во однос на површината околу МОБ, од организацијата напоменуваат дека истата претставува единствено преостанато зеленило во урбанистичкиот план од левата страна на реката Вардар. Според проценките на „Плоштад Слобода“, во рамките на „Мал Ринг“ во 2012 година има 34.994 метри квадратни зелени површини, што е 50% помалку во споредба со 2002 година, кога имало 75.649 метри квадратни.

 

 

 

 

Објектите што се предвидени за изградба на посочените локации од страна на „Плоштад Слобода“ се наоѓаат во различна фаза на реализација. За понудената парцела на плоштадот „Македонија“ во моментов тече рокот за доставување пријави од заинтересираните инвеститори за учество на електронската јавна лицитација, додека една парцела кај МОБ е сигурно дека ќе биде наменета за идниот административен објект на Народната банка. Преостанатите две парцели се во државна сопственост и за нив единствено се знае дека допрва ќе треба да добијат сопственици. До новото седиште на централната банка треба да се гради седумкатен административен објект за некоја од државните институции, додека од страната на булеварот „Гоце Делчев“ е предвидено комерцијално – деловно здание со приземје и три ката.