Претходна статија
Големо гушкање на ГТЦ во четврток, поддршка за референдумот и од сопствениците на дуќани во трговскиот
Следна статија
ГИМ ќе го проектира експресниот пат Штип – Кочани

Пет станбени згради во Прилеп со подобрена енергетска ефикасност со помош на „Хабитат“ и УСАИД

Објавено на 23.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Општина ПрилепСо проектот „Енергетска ефикаснот за секторот домување“ во организација на „Хабитат Македонија“ и УСАИД, извршени се реконструктивни зафати врз пет станбени згради во Прилеп во правец на подобрување на нивната енергетска ефикасност. Извршена е промена на дограмата во две згради (едната на ул. „Борис Кидрич“ бр.16 а другата на ул. „Јоска Јорданоски“ бр.3), а во две згради во населбата „Димо Нареднико“ и една во населбата „Точила“, покрај промена на дограмата, во договор со станарите е извршена интервенција и врз фасадата, стакларниците и промена на кровната конструкција.

 

Средствата за реализација на овие градежни активности кои за 30% ја подобруваат енергетската ефикасност на објектите се од обновливите фондови на проектот, во форма на поволни заеми и истите се враќаат во период од три до десет години, во зависност од условите и економската состојба на станарите. Општина Прилеп е вклучена во реализација на овој проект со тоа што субвенционира до 50% од средствата за промена на фасада во зградите каде што има социјално загрозени семејства.