Претходна статија
СЈО отвори истрага „Актор“ околу изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица
Следна статија
„Скопски пазар“ доби градежна дозвола и ќе почне да го реконструира Бит - пазар

Парите за „Скопје 2014“ пренаменети за капитални проекти во општина Центар

Објавено на 21.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Сопира трошењето средства за спомениците и фонтаните од проектот „Скопје 2014“. Нереализираните средства за оваа намена, коишто биле префрлени на општина Центар од претходната влада, ќе се пренасочат кон капитални проекти. На барање на општина Центар, македонската влада на вчерашната седница ја усвои Информацијата за измена и дополнување на намената на одобрени, а неискористени средства од државниот буџет. Претходната влада на ВМРО – ДПМНЕ во периодот од 2007 до 2013 година ѝ префрлила на општина Центар 3,5 милијарди денари за изградба и одржување фонтани, спомен обележја, летниковец, колонада и постаменти за споменици и скулптури.

 

„Потрошени се 3.463.845.343 денари, а нереализираните средства изнесуваат 83.544.657 денари, кои општина Центар ќе ги искористи за капитални проекти“ информираат од оваа локална самоуправа. Со преостанатите финансии ќе се исплатат доспеаните обврски за изградба на мостовите и катните гаражи, како и обврските од судски спорови од претходниот период. Воедно, нереализираните средства ќе се употребат и за изградба и реконструкција на друга инфраструктура потребна за граѓаните на територијата на општина Центар.