Претходна статија
Спомен куќата на Тоше Проески доби награда на фестивал во Барселона
Следна статија
Холандски „Гронтмеј“ ќе го изработи новиот дизајн на скопската железничка станица

Пад на бројот на издадени градежни дозволи во септември

Објавено на 07.11.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Станбена изградба во ОхридСпоред податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2011 година се издадени 212 одобренија за градба, што е за 20,9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење,  165 (77,8%) се наменети за објекти од високоградба, 25 (11,8%) за објекти од нискоградба и 22 (10,4%) за реконструкција на објекти. Најголем пад се бележи кај проектите за реконструкција од 35,3% и објектите од високоградба за 25,3%, наспроти зафатите во секторот нискоградба каде е пресметан пораст на издадените дозволи за изградба за 92,3%.

 

Статистичките податоци покажуваат дека предвидената вредност на објектите изнесува 2.747.139 илјади денари, што е за 10,2% помалку во однос на септември 2010 година. И покрај забележаниот вкупен пад на вредноста на предвидените градежните зафати, во овој период значителен пораст е  констатиран кај секторот нискоградба од дури 334,5% со проектирана сума на градежните работи во износ од 324.685 илјади денари.

 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 676 станови со вкупна корисна површина од 53.221 метри квадратни, што претставува зголемување за 25% во однос на бројот на предвидени станови и за 6,9% во однос на предвидената површина на станбените единици во споредба со истиот период лани. И понатаму скопскиот регион предничи во бројот на планирани станови за градба со 322 станбени единици. На ниво на локални самоуправи, најмногу станови е предвидено да се градат во општина Аеродром (143), а по неа следуваат општина Охрид (85) и општина Кичево (60).

 

 

Бојан Блажевски