Архитектонската изложба „Загрозен модернизам: архитектонски сценарија за адаптивна (ре)употреба“ вчера вечер беше отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ). Привремената поставка се обидува низ пет примери на руинирани објекти во македонската метропола да ја актуелизира темата за архитектонското наследство на Модерната во нашата земја. Ана Ивановска – Дескова, Горан Мицковски, Елизабета Касапова и Јован Ивановски, во својство на автори на изложбата, избрале пет студии на случај за оваа намена – железничкото депо на Македонски железници – Инфраструктура, Фабриката за производство на картон и картонска амбалажа „Комуна“, Шалтер салата на Телекомуникацискиот центар, Домот на културата „Гоце Делчев“ и Мултимедијалниот центар „Мала Станица“.
Поставената изложба во Младинскиот културен центар е само еден сегмент од научноистражувачкиот проект „Загрозен модернизам“. Поставката ќе биде отворена за посетителите до 24 февруари.
Текст, фото: Бојан Блажевски
bojan.blazevski@build.com.mk