Претходна статија
И во април помалку издадени градежни дозволи
Следна статија
Нова ролерско - велосипедска патека на левата страна на Вардар

Отворен реновираниот базен „Младост“ во Карпош

Објавено на 06.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Заврши реконструкцијата на базенот „Младост“, кој е дел од спортскиот центар „Борис Трајковски“. Засега ќе биде отворен само за професионални пливачи, а распоредот за рекреативците дополнително ќе се утврди. Со проектот за реконструкција беа опфатени фасадата, покривот, ентериерот, системот за филтрација на водата, поставување на сончеви колектори, како и дотерување на летната тераса, каде ќе функционира бар и терен за одбојка на песок. Поставени се и нови столчиња на единствената трибина, која има капацитет за 500 гледачи.

 

Реновирањето на базенот чинеше вкупно 1,4 милиони евра. Дел од проектот е и котларница на гас и нафта во вредност од околу 300 илјади евра, која треба да обезбеди поголема рентабилност во функционирањето на објектот и е добиена како донација од Република Чешка. Изведувач на работите на надворешноста на објектот беше фирмата „Градба промет – Алки“, а во внатрешноста „Торус Инженеринг“.

 

 

###

###

###

###