Во рамките на музејскиот комплекс „Куќа на Робевци“, во Охрид започна да функционира музејскиот културен центар „Лапидариум“. Обновениот музејски простор е опремен со современи елементи и истиот е наменет за презентација и продажба на музејски материјал и за презентација на значајни сувенирски предмети. Во него се поместени епиграфски споменици и други оригинални мермерни артефакти, а архитектонскиот изглед е целосно вклопен во околниот простор со поставени оригинални камени и мермерни елементи од античкиот и ранохристијанскиот период.
* извор на фотографија: Министерсвто за култура
„Музејскиот културен центар располага со можности за видео проекции за презентација на документарни филмови за културното наследство на Република Македонија, како и можности за организирање на културни настани, изложби под ведро небо, камерни или драмски претстави, монодрами, рецитали и други активности“ информираат од Министерството за култура.
Со поддршка од ова министерство, во изминатиов период целосно беше обновен и потпорниот ѕид над Куќата на Робевци со што целосно се ревитализираше просторот околу овој објект, за што беа вложени 14 милиони денари.