Објавен тендер за реконструкција на блоковите „В“ и „Г“ од домот „Гоце Делчев“
Министерството за образование и наука денеска го објави тендерот за санација и адаптација на блоковите „В“ и „Г“ од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Со градежниот зафат треба да се реконструираат прозорците, подовите, вратите, плочките и осветлувањето во овие два блока. Проценетата вредност на проектот изнесува 152 милиони денари, не вклучувајќи го ДДВ.